Жена освоила повеќе од 200.000 евра во новогодишната ноќ во казино во Сен Мало, во Бретања, Франција. Инаку, како што изјави вчера директорот на казиното, 40-годишната Французинка ставила само 80 евроценти во автоматот.
Таа е почетничка со коцкање и автоматите и била на одмор со нејзината мајка. Таа освои 209.715,20 евра, што е втор најголем џекпот во ова казино од воведувањето на автоматите за игри на среќа пред 30 години, изјави директорот на казиното „Бариер“ (Barrière), Франсоа-Стефан Верне.
Тој раскажува и како луѓето честопати и не сфаќаат што им се случува во такви мигови.
Жената беше „малку изненадена“. Ја тргнавме настрана и ѝ понудивме чаша шампањ, рече тој.
Во истото казино, во 2011 година, играч освоил 425.000 евра вложувајќи 60 центи.