Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нухиу: Комуникациските системи во МВР не биле исправни од 2014 година

0
By Нова ТВ on May 11, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за внатрешни работи Агум Нухиу во интервју за телевизија Алсат вечерва откри дека веќе 3 години во МВР не функционира интерниот систем за снимање на командите во МВР. Тоа значи дека не се чуваат докази кој кому издавал наредби во полицијата, кој одбил или постапил по командите.

Нухиу на прес конференција по крвавиот четврток во Собрание, обелодени дека два часа не можел да стапи во контакт со директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков. Министерот деновиве повикал експерт од Германија да го вештачи т.н. тетра – систем, но за жал експертот утврдил дека тој не е во функција од 2014 година.

„Тоа е систем за комуницирање со команди кој се прави внатре во МВР и имаме три сервер – оператори кои треба да бидат поврзани со апаратот за снимање на сите команди. Јас веднаш побарав вештачење дали се снимени сите команди, кои биле дадени преку тетра – системот. Повикав експерт од Германија и тој направи проценка дека два сервера за жал не биле поврзани со апаратот за снимање на команди и било констатирано дека такво нешто не функционира не од сега, туку од 2014 година.Зошто не работеле, одговор треба да дадат органите кои треба да го водат процесот на истрага за кривична одговорност и се разбира се бара проценка од експертите или посебно екстра вештачење“ изјави министерот Нухиу.

Нухиу исто така откри и други детали од заткулисните игри кои се случувале на 27. април.

„Двајца вработени добиле наредба од еден висок началник во УБК да влезат во Собранието и да ги земаат хард-дисковите, по што ги земале, но за среќа, имало резервни хард-дискови и ние сепак успеавме да ги земеме снимките.“

Министерот изјави дека познат е идентитетот на вработените и на началникот кој ја издал наредбата за одземање на дисковите и против нив ќе биде поведена кривична постапка.

Според него, на 27 април имало сценарио кое требало да послужи како повод за прогласување на воена состојба од страна на претседателот Иванов.

„Сценариото кое според моето мислење постоеше е да се удри по Собранието. Има и гласини кои не сум ги потврдил, односно дека полицајците се повлекле од вршење на законските должности, бидејќи слушнале дека треба да чекаат уште некое време, со цел претседателот да ја извади армијата и да прогласи вонредна состојба“, вели Нухиу

Агим Нухиу команди МВР Митко Чавков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.