Кога претседателот на Србија Александар Вучиќ објави дека за мандатар ја именува 41-годишната Ана Брнабиќ, ја запали Србија, но и набљудувачите од страна, пишува Њујорк тајмс.
Според весникот, Брнабиќ, која во политика влезе минатата година, би можела да стане првата жена и првата отворено геј личност на местото премиер во Србија.
Со нејзиното именување, Њујорк тајмс проценува дека Вучиќ, можеби настојува да ги намали грижите додека Србија се движи кон членство во ЕУ, а продолжува да биде срдечен со Русија и ја засилува српската војска.
-Доколку навистина на Брнабиќ и се остави да врши своите овластувања и да ја води Владата на Србија, со тоа ќе се испрати силен сигнал дека е време за Србија и за остатокот од светот да ги остават зад себе старите предрасуди, констатира весникот.
Но таа цел може да биде компромитирана доколку се покаже дека таа станала оружје на Вучиќ или ако биде отфрлена, би се зголемиле неговите ионака големи амбиции.
Њујорк тајмс наведува и дека на Српската напредна партија и е потребно 126 пратеници за именување нов премиер. Опозициските пратеници, во земја, како што тврди њујоркшкиот весник, каде половина луѓе сметаат дека хомосексуалноста е болест, не се подготвени да ја поддржат Брнабиќ.





