Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп нема волја да ја продолжи истрагата за неговата демократска ривалка Хилари Клинтон, иако се уште докрај не ја отфрлил оваа опција, објави новинар на весникот Њујорк Тајмс на својот профил на Твитер.

Прашан за тоа дали ја исклучил натамошната истрага за добротворната фондација на Клинтон и нејзиното семејство или поради злоупотребата на приватната електоронска пошта за испраќање службени инвофмации додека била државен секретар, Трамп во интервју за весникот одговорил со „не“.

Сепак додал дека не сака да и нанесе штета на Клинтон и дека само сака да продолжи со својата работа.

-Не размислувам за тоа да се враќам и да спроведувам такво нешто, рекол Трамп.

Неговата советничка Келиен Конвеј претходно изјави дека Трамп нема да врши притисок да продолжи истрагата за овие две прашања.

Трамп во текот на предизорната кампања се закануваше дека доколку победи на изборите ќе нареди државниот обвинител да отвори истрага за наводните злоупотреби на Клинтон.