Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нуредини: Ја усвоивме првата долгорочна климатска стратегија за нискојаглероден развој до 2050 година

0
By Mirjana on September 1, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 1, 2021 15:41

Квантификувано, долгорочната цел е намалување на националните нето емисии на стакленички гасови (без вклучени  емисии од авијација и увоз на електрична енергија) за 72% до 2050 година во споредба со нивото од 1990 година (или намалување на емисијата на стакленички гасови за 42% до 2050 година во споредба со 1990 година, со исклучок на секторите Шумарство и друга употреба на земјиштето и емисии од авијација и увоз на електрична енергија) и зголемена отпорност на општеството, економијата и екосистемите кон влијанијата на климатските промени.

На вчерашната седница на Владата, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање беше усвоена првата Долгорочна стратегија за климатска акција на Република Северна Македонија, со која се дефинира придонесот на државата кон глобалните напори, преку патот кон зелен, ниско јаглероден и климатски отпорен развој, заснован на најдобрите достапни информации и во контекст на пристапувањето на земјата во ЕУ .

Откако годинава државата го поднесе својот ревидиран национален придонес кон Парискиот договор, сега Република Северна Македонија, како држава кандидат за членство во Европската унија, ја имплементира и обврската за  транспозиција на правната рамка на ЕУ  во својот национален правен систем, имено, рамката за клима и енергија до 2030 година со перспектива до 2050 година.

„Долгорочната визија на стратегијата е, Република Северна Македонија до 2050 година да е просперитетна, ниско-јаглеродна економија, следејќи ги одржливите и климатски отпорни развојни патишта, зајакнувајќи ја конкурентноста и промовирајќи социјална кохезија преку акција за борба против климатските промени и нивните негативни влијанија“ соопшти Министерот Нуредини по повод усвојувањето на овој национален документ.

Квантификувано, долгорочната цел е намалување на националните нето емисии на стакленички гасови (без вклучени  емисии од авијација и увоз на електрична енергија) за 72% до 2050 година во споредба со нивото од 1990 година (или намалување на емисијата на стакленички гасови за 42% до 2050 година во споредба со 1990 година, со исклучок на секторите Шумарство и друга употреба на земјиштето и емисии од авијација и увоз на електрична енергија) и зголемена отпорност на општеството, економијата и екосистемите кон влијанијата на климатските промени.

„Овие инвестиции создаваат најголем број на зелени работни места во 2035 година: 10.000 зелени работни места, што претставува 2,7 пати повеќе работни места од сегашниот број на вработени во термоцентралите на јаглен во државата. Со усвојувањето на долгорочната сратегија за аклиматска акција се трасира патот за апсорпција на средствата од Инвестициската рамка за Западен Балкан“ додава Нуредини.

Долгорочната стратегија за климатска акција со Акциски План се изработени со поддршка на средства од инструментот за пред-пристапна помош со следење на барањата за изработка на ваков документ согласно Анексот IV на Регулативата на ЕУ за управување со Европската Унија и климатската акција, проширено со аспекти на адаптација на најранливи сектори кон климатските промени и останати хоризонтални прашања. Предложените активности во делот на ублажување на климатските промени се во согласност со другите стратешки и плански документи од областа енергетика.

 

намалување CO2 нуредини стратегија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.