Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

О`Брајан за уставните измени: Имате понуда на маса, целта на Францускиот предлог е влез во ЕУ

0
By Ана Василевска on December 1, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 1, 2023 13:10

„Се движите кон изборен период. Знаеме дека се е тешко во таков период. Нема да коментирам дали работите ќе се случат сега или подоцна, но јасно е дека има понуда на маса. Некој може да каже дека ќе дојде со подобра понуда. Но, ако не ви каже за што точно станува збор и не ви каже зошто другите би ја прифатиле, само се обидува да ве измами. И се надевам дека гласачите се попаметни од тоа,” рече помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

На прашање каде го гледа можниот излез за да се случат уставните измени и Северна Македонија да ги продолжи преговорите и да стане членка на ЕУ, О`Брајан посочи дека е важно Северна Македонија и соседите да наоѓаат начини за да се движат напред, а единствениот пат напред е да се реши прашањето за уставните измени.

,,Има понуда на масата, треба да ја земете. Ако не ја земете, и вртите грб на историјата, искрено. Тој пат може да изгледа задоволувачки, но тоа ќе ја чини вашата економија, ќе причини повеќе луѓе да сакаат да ја напуштат земјата и, генерално, ќе ја уназади земјата”, потенцираше помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија.

Тој уште еднаш ја потврди силната поддршка која нашата држава ја има од САД за ЕУ, но посочувајќи дека има некои политички структури мислат поинаку, кои според  О`Брајан можеби добиваат пари од некои места, а некои пак имаат легитимни аспирации на малцинското гледиште.

,,Мислам дека мнозинството сака да е дел од Европа и ние го поддржуваме тоа. Овој конкретен компромис ние мислиме дека е само дел од тоа како една држава станува целосно европска, рече О`Брајан.

Тој укажа дека ЕУ е изградена на компромиси и дека секија држава или регион доаѓаат од места каде со векови имало конфликти, од еден или друг вид, некогашни војни, некогаш само тензии.

,,И ако тие го ставиле тоа настрана за да бидат заедно во овoј голем потфат за создавање нација на ЕУ, тоа е процесот низ кој поминува оваа земја сега”, одговори помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија.

уставни измени француски предлог Џејмс О’Брајан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.