Published: Saturday, December 19, 2015 11:14
Американскиот претседател Барак Обама синоќа апелираше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Турција да ги повлече трупите од Ирак, за да ги намали несогласувањата со Багдад.
Ова Обама го побарал од Ердоган во телефонски разговор, при што, како што соопштува Белата куќа, инсистирал Турција да го почитува територијалниот интегритет и суверенитет на Ирак.
Турција, на 4 декември, распореди тенкови во северен Ирак, со објаснување дека се работи за обука на сунитски и курдски војници кои се борат против Исламската држава.
Багдад ова го смета како кршење н суверенитетот и побара итно повлекување. На овој потег на Анкара се спротивстави и Москва.




