https://www.youtube.com/watch?v=XfonLdNnnao

Американскиот претседател Барак Обама ја критикуваше кампањата на Доналд Трамп, кој е единствениот номиниран за претседателски кандидат од Републиканската партија, осудувајќи го неговиот, како што го нарече„анти – интелектуализам“.

– Светот денеска е поврзан повеќе од кога било и се повеќе се поврзува, а подигнувањето на ѕидови тоа нема да го промени, рече Обама,  алудирајќи на повикот на Трамп да се подигне ѕид долж границата меѓу Америка и Мексико со цел да се спречи илегалната миграција. Приоа тој му порача на мултимилијардерот кому вакви изјави не му се ереткост, дека незнаењето не е доблест.

Обама во ниту еден момент не го спомена Трамп со име и со презиме.

– Во политиката, како и во животот, незнаењето не е доблест. Не е убаво да не знаеш за што зборуваш. Нема никаква врска со тоа да си чесен или да ја кажуваш вистината, или да се бориш со политичката коректност. Тоа едноставно е да не знаеш што зборуваш, изјави Обама, алудирајќи јасно за Доналд Трамп, кој истакнува дека е политички некоректен кандидат.