Гласачите во Америка сакаа да почувствуваат „мирис на нова кола“ во трката за Белата куќа во 2016 година, вели претседателот на Барак Обама кој смета дека Хилари Клинтон би била одлична претседателка.
Тој во интервју за ABC тврди дека гласачите се заинтересирани за некој кој нема долг политички пат како него и некој кој ќе сврти нова страница.
Актуелниот претседател на САД инсистира дека кај демократите има повеќе сјајни потенцијални кандидати но ја издвојува Хилари Клинтон, за која вели, не секогаш ги делат истите политички ставови.
По изборот на Обама од страна на Демократската партија во 2008 година а не Клинтон, таа сепак се истакна како Државен секретар на САД.
Според американските анкети Хилари Клинтон е кандидатка која ужива најголем рејтинг во партијата каде што е и актулениот потпретседател на земјата Џозеф Бајден.
За претседателската трка во 2016 година би можело да се повтори дуел помеѓу фамилијата Клинтон и фамилијата Буш.
Кај републиканците, поранешниот гувернер на Флорида Џеб Буш, брат на Џорџ Буш се наметнува како сериозен кандидат.




