Published: Monday, April 13, 2015 10:13
Американскиот претседател Барак Обама изјави дека поранешниот државен секретар Хилари Клинтон би била добар претседател на САД.
– Таа беше одличен кандидат во 2008 година. Ме поддржуваше на изборите. Беше прекрасен државен секретар. Таа е мој пријател. Сметам дека би била добар претседател – истакна Обама пред очекуваното објавување на кандидатурата на Хилари Клинтон за Белата куќа.
Хилари Клинтон се кандидира за претседателските избори во САД во 2016 година, соопшти нејзин советник, со кој беше ставен крај на тековните две години шпекулации , пишува The New York Times. Со тоа таа се позиционира како најверојатната номинација на демократите за 2016 година.




