Видовме како Барак Обама вчера замина од Белата куќа но очигледно дека екс претседателот на САД нема намера да се откаже од политиката.
Денес на Твитер тој го најави своето враќање во политиката со негов стил од неговиот личен профил (@BarackObama)) и напиша:
“Здраво на сите! Се враќам на старите методи. Дали ова уште функционира?”, вели Обама со неговиот познат хумор.Потоа додаде дека Мишел и тој заминале на кус одмор “но потоа се враќаме на работа”. Тој побара од 81,9 милиони луѓе кои го следат на Твитер да дојдат на интернет сајтот на Фондацијата Обама (Obama.org):”Ве молам да верувате, не во мојот капацитет да направам промени, туку во вашиот”, додаде тој.И екс Првата дама Мишел се врати на Твитер прв пат по три години преку нејзиниот личен профил @MichelleObama:”По осум исклучителни години, правам мала пауза. Ќе се вратам и пред да забележите за да работам заедно со вас на сите проблеми за кои сите сме загрижени.”




