Претседателот на САД, Барак Обама има намера да ја извади Куба од листата на држави кои го поддржуваат и спонзорираат тероризмот, а ќе поднесе извештај до Конгресот како би ја потврдил својата намера, пишуваат медиумите во светот.
Кубанското МНР ја поздрави иницијативата на Обама.
„Владата на Куба ја поздравува одлуката донесена од страна на претседателот на САД, да ги укине санкциите кон Куба од листата, во која никогаш не ни требало земјава да биде вклучена“, се вели во кубанската декларација.
Сепак многу од републиканците се против исклучувањето на Куба од црната листа.
Куба беше вклучена во списокот на САД во кој се наведени земјите што го поддржуваат тероризмот, во 1982 година, поради нејзината поддршка кон револуционерните движења во Латинска Америка и Шпанија.




