Американскиот претседател Барак Обама изјави дека навистина сака кандидатката на Демократската партија за претседател на САД Хилари Клинтон да биде избрана за негов наследник и ги обвини Републиканците, чиј кандидат е Доналд Трамп дека шири омраза.
– Тоа не е Републиканската партија на Абрахам Линколн. Тоа не е ниту визијата за слобода на Роналд Реган . Ова е мрачна верзија, рече Обама во обраќањето пред присутните пред Музејот на уметноста во Филаделфија, што тој го искористи уште еднаш да се стави во улога на промотор на кампањата на Клинтон.
Тој го спомена и рускиот претседател Владимир Пути, во контекст на тоа дека секогаш кога Трамп го прашуваат зошто го поддржува, тој одговара дека е „јак играч“.
– Тој има поддршка од 82 отсто од граѓаните на Русија. Да и Садам Хуисеин имаше поддршка од 90 отсто од Ирачаните. Ако ги контролирате медиумите, им ги одземете сите човекови права, ги притворате дисидентите тогаш се случува тоа, рече Обама.




