Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обдукцијата на 15 тела заврши: Oсум жртви во пожарот се жени, шест се мажи, идентификувана е и почината девојка пред пожарот

0
By НОВА ТВ Balaban on September 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 10, 2021 13:14

И директорот на Институтот за судска медицина, д-р Александар Станков,  информираше дека е завршена обдукцијата на 15 тела, меѓу кои и на помлада пациентка, чиешто тело дополнително било донесено во Институтот. Од починатите, две лица и тоа сопруга на пациент и ќерка на пациентка се надворешни лица кои не биле хоспитализирани

Од доставените извештаи до обвинителството се утврдува дека од починатите, осум жртви се жени и шест мажи, на возраст од 29 до 78 години. Од нив, 12 лица биле хоспитализирани како пациенти во ковид болницата. Од починатите, две лица и тоа сопруга на пациент и ќерка на пациентка се надворешни лица кои не биле хоспитализирани, се вели во соопштението на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Од Јавното обвинителство информираат дека се истражува причината за нивното присуство во моментот на несреќата – дали подолго време биле во болницата или влегле внатре по опожарувањето, за да ги извлечат своите роднини.

По налог на обвинителството, извршена е обдукција и на почината пациентка, која настрадала од ковид-19 и за чиј живот се борел медицинскиот персонал непосредно пред избувнувањето на пожарот. Телото на веќе починатата пациентка било изнесено во моментот на избувнување на пожарот. Обдукцијата, по барање на обвинителството беше извршена за точно утврдување на причините за смртта, при што се констатира дека настанатата смрт не е последица од пожарот.

Дали токму за оваа пациентка бил користен дефибрилатор за реанимација, по што наводно бил забележан чад, ќе утврди истрагата. Според неофицијални информации, лекарот, додека го користел апаратот за за реанимација, забележал дека се случил некаков курцшлус, по што се јавил во техничката служба од болницата.

И директорот на Институтот за судска медицина, д-р Александар Станков, предмалку информираше дека е завршена обдукцијата на 15 тела, меѓу кои и на помлада пациентка, чиешто тело дополнително било донесено во Институтот.

„Со помош на ДНК анализи идентификувани се телата на 14-мина коишто настрадаа во пожарот, а извршена е обдукција и на помлада пациентка, чие што тело дополнително е донесено во Институтот за судска медицина“, вели за Дојче Веле првиот човек на Институтот за судска медицина, Александар Станков .

Како што објави Телевизија Телма, станува збор за девојка од 20 години, со церебрална парализа, која во моментот на избувнување на пожарот докторите ја реанимирале, но одеднаш се појавил пожарот, нејзината реанимација е прекината, и заедно со мајка и и медицинскиот персонал е веднаш извлечена надвор, без повреди или изгореници од пожарот.

Девојката, која веќе била почината, е однесена дома, но обвинителството дополнително ја додава во овој кривично-правен настан и бара нејзина обдукција, поради што е земена од семејството кое го подготвувало нејзиниот погреб.

(Љ.Б.)

Александар Станков Институтот за судска медицина обдукција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.