Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обдукцискиот наод за починатиот Саздовски е предаден на ОЈО

0
By Соња Петрушевска on July 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Основното јавно обвинителство Скопје во тек е истражна постапка за причините за смртта на 21 годишниот Никола Саздовски кој беше претепан на 29 јуни на автобуската станица во Автокоманда и за утврдување на одговорност на насилниците.

Според информации на НОВА, во ОЈО е веќе предаден обдукцискиот протокол  за починатото момче.

Алсат ТВ објави дека во обдукцикиот наод пишувало дека Саздовски починал од повреди на мозокот.

Од ОЈО за НОВА изјавија дека истражната постапка е во тек.

„Се преземаат дејствија, а тоа значи прибирање на материјални и вербални докази. Потоа ќе следува анализа на сите прибрани докази и ќе се донесе јавнообвинителската одлука. Во тој момент ќе биде утврдена правната квалификација за делото. Дали ќе остане сегашната или ќе има друга, зависи од доказите кои ќе бидат прибрани. Но за тоа е се уште рано“, велат од ОЈО.

Ваквиот тек на случајот доаѓа по кривичната пријава што МВР ја поднесе до ОЈО Скопје според која напаѓачите требаше да одговараат за кривично дело „Насилство“, но тогаш Саздовски, иако во кома сѐ уште беше жив.

„Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против тројца осомничени сите од Скопје. По преземените мерки, прво и второпријавениот веќе се во притвор. Ќе замолам да не гледате етничка позадина, која многу често се користеше во минатото. Насилникот е насилник, ќе одговара, постојат закони, правната држава функционира“, рече Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Од таму објаснуваат дека настанот се случил во петокот на 29 јуни 2018 година триесетина минути после 17 часот а двајца од тројцата напаѓачи биле лишени од слобода наредниот ден, во сабота на 30 јуни. На сајтот на МВР во делот за Дневни билтени, кој се доставува и на е-меил адресите на медиумите, настанот е објавен исто така на 30 јуни. Во билтенот е потенцирано дека две лица, можни сторители се приведени во полициска станица.  Истиот ден, СВР Скопје поднесе кривична пријава против три лица.

Информацијата за поднесената кривична пријава е објавена во понеделникот на втори јули.

На тројцата осомничени им е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена. Двајца од нив веќе се упатени на издржување на притворот а на третото лице кое за сега е во бегство му е изречена мерката притвор во отсуство.

 

Фото: Фејсбук профил на Никола Саздовски

 

Тројца напаѓачи на возраст од 19, 20 и 21 година, за сега се товарат за „насилство“. Двајца се во притвор, а по третиот полицијата сè уште трага. Притворените сè уште не се сослушани.

Никола Саздовски на 29 јуни беше физички нападнат од три непознати лица на автобуска постојка во скопската населба Автокоманда. Тие излегле од возило и го нападнале момчето кое било со неговата девојка. По десетдневна кома, Саздовски вчера почина на една од скопските клиники.

Во чест на Саздовски, неговите пријатели од навивачката група „Комити“ се собраа денеска на западната трибина на Градскиот стадион во Скопје по што  се упатија пред Собранието и таму запалија свеќи во чест  на Никола. Младото момче денеска беше погребано.

 

 

одбукциски наод ОЈО; МВР Саздовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.