Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обезбеден купувач за ковид еврообврзница – инјекција од рекордни 700 милиони евра

0
By Нова ТВ on May 28, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 28, 2020 11:54

Македонската економија може полесно да дише откако и официјално доби потврда дека е обезбеден купувач за издадената еврообврзница, седма во историјата на државата. пишува „Дојче Веле“. Среде криза предизвикана од пандемијата на ковид-19, земјата обезбедува 700 милиони евра кои и тоа како ќе му дојдат добро на буџетот кој веќе покажува знаци на хронична неликвидност. Наместо првично најавуваните или очекуваните 800, обезбедени се 700 милиони евра, по каматна стапка од 3,675 отсто што е втора најниска камата од сите досега издадени обврзници. Од Владата се задоволни што процесот е успешно заокружен:

„Ова ја покажува довербата на инвеститорите во македонската економија и политики, ако се земе предвид дека оваа обврзница се издава во време на ковид-19 кризата, најголема економска криза по Големата депресија, кога сите економии, вклучително и светските економски сили, излегуваат на меѓународниот пазар на капитал за да обезбедат средства за финансирање на потребите за кризата“, соопштија од министерството за финансии.

Она што изненадува е податокот дека интересот кај странските инвеститори за македонската еврообврзница бил поголем. Како што тврдат од министерстввото за финансии, дури за пет пати од износот кој бил издаден:

„Ова е уште еден податок, покрај поволната каматна стапка, што укажува на доброто позиционирање кај странските инвеститори и нивната доверба во земјава. Ова се должи на макроекономската и финансиска стабилност, како и нашата посветеност и успехот постигнат последниве години во евроатланските интеграции“, коментираат од министерството за финансии.

Ликвидноста е клучна

Парите од еврообврзницата се очекуваа со нетрпение. Не само од страна на Владата, која сега може да биде „поопуштена“ во покривањето на дупките од кризата, туку и од страна на бизнисот, кој е соочен со хронична неликвидност. Првичните реакции се главно позитивни:

„Генерално земено, лично сметам дека е подобро да се задолжиме отколку да немаме пари. Затоа што ако влеземе во ликвидносна замка, тогаш од тоа самостојно нема да можеме да излеземе како држава. Затоа сметам дека е подобро повеќе да сме должни отколку да се вртиме во круг. Ликвидноста во овие моменти на криза е клучна и доколку нема пари ќе влеземе во ликвидносна катастрофа“, коментира Антони Пешев, бизнисмен од Стопанската комора на Македонија.

Поделба на товарот

Дали овие 700 милиони евра се доволни, Пешев засега не сака да прогнозира. Ликвидноста дефинитивно дека ќе се подобри, но за стопанството ќе беше многу полесно ако и државната администрација го поделеше товарот со приватниот сектор:

„Дилемата дали се тие пари доволни сега не може да се каже, во принцип ние немаме увид во внатрешните состојби, но со оглед на тоа дека ликвидноста е клучна тогаш тоа е така и немам дилема. Единствена голема грешка во целата оваа состојба е што администрацијата не почувствува никаков удар. А можеше по 10 отсто проценти во три месеца да се заштеди за други намени. Тоа се големи пари. Мислам дека немаше да има реакции ако времено се намалеа платите со гаранции дека ќе се вратат назад по кризата на исто ниво. Но, се играше политичка игра и тоа е грешка. Сега приватните фирми ќе се борат, ќе се задолжуваат, а на јавната администрација ништо не и фали“, коментира Пешев.

Инвестиции и поддршка на извозот

Она што е клучно периодот за стопанството е освен реализација на мерките, фокусот да се насочи кон реализација на крупните проекти, но и да се поддржат фирмите што креираат додадена вредност:

„За стопанството е ургентно да продолжи трошењето на пари за инфраструктура и за проктите кои се проектирани од страна на државата. Дополнително да им се помогне на извозниците да излегуваат надвор, за транспорт, преку гаранции, банкарски гаранции, да се задржи нивото на извозот оти тоа паѓа. Тоа е делумно заради нас, но генерално заради автомобилската индустрија. Ние имаме многу извоз алоциран околу автомобилската индустрија“, објаснува Пешев.

Заокружувањето на процесот со еврообврзницата практично ја заокружува и целокупната финансиска конструкција неопходна за годинава. Барем според сегашните пресметки. Освен овие 700 милиони евра, Владата обезбеди заем од Меѓународниот монетарен фонд во износ од 176 милиони евра и од Светска банка во износ од 140 милиони евра. Во тек се и преговори за 160 милиони евра од Европската унија кои според надлежните во финансии е извесно дека наскоро ќе бидат обезбедени и ставени на располагање.

„Со ова се затвора финансиската конструкција за потребите годинава, односно дефицитот проектиран на 6,8 отсто од БДП со ребалансот, обврските по основ на стари долгови од 705 милиони евра. Дополнително, се обезбедуваат и сигурносни средства за справување со евенутален повторен шок и зависно од развојот на настаните делумно финансисрање на потребите за следната годна“, соопштуваат од министерството за финансии.

Задолжување и раздолжување

Издавањето на еврообврзницата со првично проектираниот буџет за годинава беше планирано за третиот квартал во износ од 500 милиони евра. Сепак, пандемијата и кризата која следуваше ја наметна потребата од итно репрограмирање на плановите но и на сумата. Вкупниот долг годинава ќе достигне 1,65 милијарди евра, или околу 700 милиони евра повеќе од планираното. Нешто помалку од една третина од овие пари, или 500 милиони евра се планираат да се обезбедат од домашниот пазар преку деловните банки и емисија на државни хартии од вредност.

Обезбедените средства од еврообврзницата и кредитите од меѓународните финансиски институции ќе го зголемат нивото на јавниот долг до крајот на годината на 57 отсто од бруто домашниот производ (БДП). Во моментот, долгот изнесува 5,56 милијарди евра или 50,7 отсто од БДП. Задолжувањето сепак има за цел и раздолжување, кое само за годинава изнесува 705 милиони евра, а наредната 2021 дури 936 милиони евра. Нешто полесно треба да биде во 2022 година кога доспеваат за раздолжување 353 милиони евра.

Македонските власти досега имаат издадено седум еврообврзници, заклучно со последната. Првата еврообврзница е издадена во 2005 година во износ од 150 милиони евра. Втората и досега најскапа е во 2009 за врема на светската финансиска криза кога каматата изнесуваше 9,875 отсто. Во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ беа издадени уште три еврообврзници, во 2014 година, во 2015 година и во 2016 година. Најевтината еврообврзница беше издадена во 2018 по каматна стапка од 2,75 отсто.

Антони Пешев еврообврзница Издавање Министрерсво за финансии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.