Млад човек денес се обиде да му удри шамар на францускиот екс премиер Мануел Валс кој сега е кандидат на Социјалистичката партија за претседател на државата.
Валс денес беше во посета на малото гратче Ламбал во Бретања. Додека излегуваше од општината и се ракуваше со присутните граѓани, млад човек од дваесетина години, се префрли преку безбедносната ограда и се обиде да му удри шамар на Валс.
Обезбедувањето на Валс веднаш реагираше и го турна човекот на земја. Напаѓачот беше приведен.
Министерот за одбрана на Франција Жан-Ив Дриан, кој го придружуваше кандидатот за претседател, го праша Валс дали е добар и заедно со него влезе во автомобилот.
Подоцна Валс разговараше со присутните новинари:
“Секогаш има луѓе кои сакаат да ја спречат демократијата да се искаже. Има луѓе кои ја ставаат под прашање демократијата и луѓе кои ја претставуваат како што се политичарите. Демократијата не е насилство”, рече Валс.
Ова не е прв инцидент со Валс откако тој одлучи да биде кандидат за претседателските избори во Франција кои се одржуваат на 23 април 2017 година. Во посета на божиќниот пазар во Стразбург на 22 декември, врз Валс бепше фрлено брашно.
Валс беше премиер на Франција се до почетокот на декември кои одлучи да се кандидира за претседател и даде оставка на премиерското место. На негово место тој Бернар Казнев кој претходно беше министер за внатрешни работи.




