Белград треба да се подготвува за воспоставување на дипломатски односи со Приштина. Ова го порача американскиот експерт за Балканот, Даниел Сервер.Тој смета дека добивањето на датум за старт на преговорите за членство на Србија во ЕУ ќе придонесе за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.Според Сервер земјите членки на ЕУ кои го признаа Косово ќе инсистираат на тоа Белград и Приштина да воспостават дипломатски односи.

“Ќе има многу услови во наредните месеци и години, Косово ќе биде проблем во многу од 35 поглавја на преговорите сем ако не се постигне целосно решение на проблемот пред стартот на преговорите. Ќе мора да исполните многу критериуми за членство. Не постои една “влезница” за ЕУ” вели Даниел Сервер во интервју за Вечерње новости.

Во интервјуто Сервер потенцира дека дека Србија има проблем со нејзината “романтична представа за врските со Русија и Движењето на неврзаните “ .Сервер во интервјуто вели и тоа дека обидите да се подели Косово се нереални.