Македонската А репрезентација на 12. ноември во Гранада против Шпанија ја очекува нов двобој во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година. Селекторот на нашата репрезентација Игор Ангеловски се одлучи за значителни промени во однос на играчкиот кадар кој ќе им се спротивстави на Светските шампиони од 2010 година во однос на натпреварите од првите три круга.
Во составот на А репрезентацијата на Македонија за дуелот со Шпанија се повикани седуммина фудбалери од репрезентацијата до 21 година која избори пласман на Европското првенство во Полска идната година. Селекторот Ангеловски ја остава отворена можноста да прати дополнителен повик по завршувањето на саботното коло од македонскиот шампионат.