Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Објавена едицијата „Романи создадени во татковината“ од Божин Павловски

0
By Нова ТВ on May 11, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 11, 2021 12:32

Во издание на МАНУ и “Матица македонска” излегоа од печат романите што академик Божин Павловски ги создаде во татковината.

Романот “Миладин од Кина”, со кој на 25 – годишна возраст во 1967 година ја освои сојузната награда “Младост” во Белград, Србија, е проследен со поговор на академик Влада Урошевиќ. Со романот “Дува. Проклетства”, освојувач на Рациновото признание, е приложена обемна студија на академик Гане Тодоровски. Романот “Црвениот хипокрит” награден со “Гоцева повелба” е придружен со есеј на академик Георги Старделов.

Најнаградуваниот роман во опусот на Божин Павловски, “Уткини соседи” (сојузна награда “Железара Сисак” во Хрватска, награди “Стале Попов” и “Кочо Рацин” во Македонија) содржи инструктивен есеј на академик Катица Ќулавкова. Петтиот том од оваа едиција, “Враќање во сказните”, е придружен со есеј на академик Матеја Матевски.

-Со овој потфат МАНУ и “Матица македонска” го заокружија издавањето на собраните романи на академик Божин Павловски во 22 тома (8.624 страници). Во минатите две години беше објавена едицијата “Романи создадени отаде морињата” во 17 тома, проследени со исто толку есеи на угледни книжевни авторитети, наведуваат од Издавачката куќа.

Академик Божин Павловски веќе 33 години живее во Македонија и во Австралија, каде што е претседател на Бордот кој на англиското говорно подрачје, во печатена и дигитална верзија, ги издава двата македонски неделни весника: “Австралиско Македонски Денес” (Australian Macedonian Today) и “Австралиско Македонски Неделник” (Australian Macedonian Weekly”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.