Она што требаше да биде „Јужен тек“ доби нова линија, откако руски „Гаспром“ ја објави мапата на гасоводот „Турски тек“, преку кој треба да се транспортира рускиот гас.
Како што се гледа на мапата, почетокот на гасоводот е на рускиот брег на Црното море во близина на Анапе, потоа оди под морето. Точката на испорака на гас на турските потрошувачи ќе биде во областа Лулебургаз, а излезната точка на турско-грчката граница ќе биде околу Ипсала.
Должината на копнената траса на гасоводот ќе изнесува 180 километри. Се очекува во блиска иднина да добијат дозволи за проектни и надзорни работи за новата турска подморска делница на гасоводот.
– При проектирањето на гасоводот ќе се земе предвид сè поголемата побарувачка за природен гас во областа на Истанбул. Во таа смисла, одредено е количеството гас што треба да се испорача на границата меѓу Турција и Грција, да биде 47 милијарди кубни метри, соопшти „Гаспром“.




