Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обложувалниците бараат финансиска поддршка или промена на мерките

0
By НОВА ТВ on August 28, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 28, 2021 09:43

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) соопшти дека новите КОВИД мерки со кои за влез се бара сертификат за вакцинација или потврда за прележан вирус во последните 45 дена, прометот е намален за речиси 50 проценти. Загрозен е и опстанокот на оваа стопанска гранка, а во прашање се доведени и работните места на повеќе од 3.500 директно вработени во спортските обложувалници, како и местата на преку 50.000 вработени во други дејности кои зависат од работењето на обложувалниците.

АСОМ бара итно носење економски мерки за финансиска помош, не само за спортските обложувалници, туку и за сите други субјетки го имаат истиот проблем, со цел одржливост на бизнисот и зачувување на работните места.

-Со оглед на лошите финансиски резултати од работењето кои ги бележат членките, а предизвикани од новите КОВИД мерки, земајќи ги предвид претходно наведените факти, бараме Владата и Комисијата за заразни болести да направат итна промена на мерките за спортските обложувалници, односно тие да бидат изземени од објектите во кои при влез задолжително треба да се поседува и прикаже сертификат за вакцинација или тест за прележан ковид во последните 45 дена, наведува АСОМ.

Според АСОМ, од почетокот на пандемијата, спортските обложувалници доследно и во целост ги почитуваат сите мерки и протоколи за работа кои ги носеше Владата.

-Спортските обложувалници беа првите целосно затворени субјекти дури два месеци, во периодот од март до мај 2020 година. По отворањето, обложувалниците продолжија да работат по најстроги протоколи, иако во објектите на спортските обложувалници практично и да нема задржување. Работата се одвива преку шалтерски систем со минимално задржување на играчите, а дека мерките и протоколите се почитуваат во целост го потврдува и фактот дека ниту еден објект не е санкциониран за непочитување, стои во соопштението.

Асоцијација повторно апелира Владата итно да овозможи онлајн игри на среќа преку домашните лиценцирани приредувачи.

-Секоја година од индустријата на игри на среќа во државниот и локалните буџети се слеваат повеќе од 250 милиони евра. Тука се вклучени директни и индиректни приходи, придонеси и даноци за плати, закуп на деловен простор. Воведувањето на он-лајн игрите на среќа преку домашните лиценцирани приредувачи ќе значи уште поголем прилив во државниот буџет и повеќе средства кои понатаму се вложуваат во подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Сега, немањето можност за играчите легално да ги користат он-лајн игрите на среќа преку домашните лиценцирани приредувачи, придонесува тие да играат на странски сајтови што предизвикува одлив на средства надвор од државата во вредност од 40 до 50 милиони евра на годишно ниво, по сите основи. Со тоа губат и приредувачите и државниот буџет, велат од АСОМ.

АСОМ обложувалници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.