Published: Monday, July 27, 2015 11:02
Еден мигрант од Авганистан е убиен а двајца се повредени рано утрово во меѓусебен судир на мигранти во Бачки Виногради во близина на границата со Унгарија, пренесува Танјуг.
На лице место на инцидентот пристигнале и претставници на надлежниот суд, граничната полиција и полицијата од Суботица.
Според првичните информации кои засега ги пренесуваат српските медиуми, користени биле ножеви при пресметката.



