Колоната демонстранти во моментот се пред Собранието на град Скопје, каде бараките ги бојат во различни бои. Бараките се под силно полициско обезбедување, протестот засега е мирен без инциденти. Демонстрантите скандираат„ Нема правда, нема мир“.
Демонстрантите се враќаат кон Владата на Р. Македонија. Не се знае која ќе биде следната локација на демонстрантите или протестот ќе заврши тука.