Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обрадовиќ: Новак згреши што мина на радикална веганска исхрана

0
By Нова ТВ on April 6, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пораз на Новак Ѓоковиќ во 2016 година претставуваше сензација, во 2017 година е најнормална работа. Српскиот тениски ас кој лани беше непобедлив, сега е трансформиран до непрепознатливост, па неговите фанови не можат да сфатат што се случува со поранешниот најдобар светски рекет.

Со свое мислење за новонастаната ситуација ка Ѓоковиќ се јави Богдан Обрадовиќ, екс селектор на Дејвис куп репрезентацијата на Србија, кој за шпанскиот весник „Марка“ даде појаснување за што станува збор.

„Новак целосно се истроши и го испразни своето тело. Почна да конзумира радикална веганска исхрана пришто го исклучи месото. Тоа е катастрофа. Мајкл Фелпс се „давеше“ во колачите и јадењата на баба му и уриваше рекорди. Влезен е во некои чудни приказни“, коментира Обрадовиќ.

Како најголем виновник за „чудните приказни“ го лоцира шпанскиот ментален тренер Пепе Имаз кој како да го опседна во последните година ипол. Ѓоковиќ почна силно да му верува, откако му помогна на неговиот брат Марко да се извлече од сериозна депресија.

„Јас бев првиот што имав проблеми со тој тип. Тој го убеди Новак дека исхраната е најважна што е тотално погрешно. Ѓоковиќ ја промени својата рутина и почна повеќе да медитира одошто да тренира. Играта во тенисот се менува ако промените рекет, замислете што се случува при промена на состојбата во глава. Јасно ми е дека семејството му е на прво место, но погледнете го Федерер. Има сопруга и четири деца и, пак, игра неверојатен тенис“, посочува поранешниот српски селектор.

Тој со куса опсервација на односот на Ѓоковиќ на терен во 2016 година и сега, но сподели и гласишта за враќање на српскиот тенисер на старите навики на што во неколку прилики во минатиот период апелираше и Борис Бекер.

„Ѓоковиќ знаеше да вика на терен, сега игра без емоции. Повеќе ја нема во него онаа компетитивност и енергија. Меѓутоа како што слушнав, повторно почнал да јаде нормално. ако е тоа точно, претпоставувам дека нешто се разбудило во него и верувам дека повторно ќе биде оној стариот“, заклучи Обрадовиќ.

Боган Обрадовиќ Веганство Исхрана Новак Ѓоковиќ Пепе Имаз тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.