Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) соопшти дека се ближи крајот на нејзината осумгодишна мисија во Украина. Причина, како што велат од таму, е ветото што го вложи Русија за продолжување на мисијата.

„Ова не беше лесна одлука, но позицијата на Руската федерација не ни остави избор“, рече полскиот министер за надворешни работи, Збигњев Рау кој е моментно и шеф на ОБСЕ.