Портпаролката на рускиот Истражен комитет изјави денеска изјави дека истражителите поднеле обвинение против министерот за економски развој Алексен Улјукаев.
– Обвинет е за земање големо мито и за изнуда, изјави портпаролката за агенцијата Тасс.
Според обвинението на Улјукаев му се заканува казна затвор од 8 до 15 години.
Истражниот комитет претходно соопшти дека министерот бил фатен на дело како зема мито. Наводно се работи за 2 милиони долари со цел неговото министерство да даде позитивно мислење за компанијата мнозински во државна сопственост Рошњефт за купување на 50 проценти од акциите кои државата ги има во нафтената компанија Башњефт.
Во меѓувреме рускиот премиер Дмитриј Медведев го назначи Евгениј Јелин за вршител на должноста министер за економија.




