Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинение против сопственикот на „Рубикон“ за пожарот во дискотеката „Пулс“

0
By Marija Todorovska on September 5, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
Фото: МИА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 5, 2025 12:18

Обвинителството поднесе нов обвинителен акт против уште едно лице во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при што животот го загубија 62 лица, а над 220 беа повредени. Новообвинетиот, реален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон Секјурити Солушн“, се товари за тешки дела против општата сигурност, поради сериозни пропусти во организацијата и спроведувањето на мерките за заштита во објектот. Обвинението е поднесено до Основниот кривичен суд Скопје, а обвинителството бара продолжување на сите претходно определени мерки за обезбедување на присуството на обвинетиот во текот на постапката.

И овој обвинет се товари за сопствен особен придонес, бидејќи заедно со повеќе одговорни и службени лица за кои веќе е поднесен обвинителен акт кој е во фаза на оценка, како и со други за сега непознати лица, не постапил според прописите и техничките правила за мерките за заштита и со тоа предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, како и имотот од големи размери, стои во соопштението од Обвинителството.

Последниот обвинет, во временскиот период од септември 2022 година до денот на пожарот, во Скопје и Кочани, како одговорно лице – реален сопственик на обвинетото правно лице Друштво за обезбедување на имот и лица РУБИКОН СЕКЈУРИТИ СОЛУШН увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, заеднички со веќе обвинетиот управител, раководел со деловниот потфат и целокупното работење на агенцијата за обезбедување.

Тие, иако имале сопственичка одговорност, не постапиле согласно чл.3 од Закон за приватно обезбедување, со тоа што не презеле мерки и активности заради спречување и откривање на штетни појави и противправни дејствија кои го загрозуваат телесниот интегритет и достоинството на личноста и имотот што се обезбедува и согласно чл.6 од Закон за приватно обезбедување, односно обезбедувањето го вршеле без да имаат склучено писмен договор за приватно – физичко обезбедување со корисникот на услугата –угостителски објект „Клуб Пулс“ и без воопшто да водат грижа, контрола и надзор при исполнување на обврските на лицата кои вршеле обезбедување на имот и лица, велат од обвинителсто.

Оттаму образложуваат дека на критичниот ден, тројца вработени во агенцијата со важечки лиценци за приватно обезбедување и со легитимации на обвинетото правно лице, како и еден обвинет без лиценца за вршење на работи на физичко обезбедување, биле задолжени да го обезбедуваат објектот во Кочани без да утврдат претходна безбедносна проценка со проверка по однос на сигурносните услови на објектот, опасностите и можностите за евакуација во случај на опасност, без проверка на влезови и излези и нивна исправност, во услови на преполнетост на капацитетот на посетители. Притоа, спротивно на законските обврски, правното лице не изготвило и не доставило План за обезбедување при одржување на јавен ред на настан од забавен карактер со присуство на поголем број на посетители и не биле ангажирани повеќе работници на обезбедување како што налагале условите во објектот.

Вработените распоредени од Агенција за обезбедување „Рубикон“ не постапиле по одредбите од Закон за приватно обезбедување и не извршиле проверка на идентитетот и возраста на лица при влез на објектот што го обезбедувале и со тоа овозможиле влез на деца – лица кои не наполниле 18 години и нивно присуство во објектот по 00.00 часот. Не постапиле и согласно законската обврска да извршат преглед на лица при влез во објектот што се обезбедува, а заради пронаоѓање предмети кои може да се користат заради уништување или оштетување на имотот, како и предизвикување опасност по животот, со што не го спречиле внесот и користењето на експлозивни материии – пиротехнички средства со кои бил предизвикан пожарот, дополнуваат од обвинителството.

Од доказите обезбедени во текот на истрагата произлегло дека сега обвинетиот имал главна улога во обвинетото правното лице, фактички раководел со агенцијата и давал директни инструкции на обвинетите кои критичната вечер биле ангажирани како обезбедувачи. Исто така, обезбедени се докази дека по пожарот во Кочани тој презел активности во насока на формирање ново правно лице со седиште во Струмица, чија основна дејност му е исто така физичко обезбедување на имот и лица, а со цел да ја продолжи дејноста повторно затскривајќи се формално-правно во раководењето зад друго одговорно лице.

Од тие причини, иако истрагата за ова лице е завршена и доказите се обезбедени, јавните обвинители кои постапуваат проценија дека сѐ уште постојат одредени ризици за негово целосно обезбедување во текот на постапката. Имајќи предвид дека Судот, одлучувајќи по жалба на обвинетиот, веќе ја заменил претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор и со дополнителни забрани за напуштање на живеалиштето, за комуникација со одредени лица и одземање на патна исправа, јавното обвинителство до судот достави и предлог за продолжување на сите определени мерки и забрани, велат од обвинителство.

Во врска со пожарот во Кочани е поднесен обвинителен акт против 34 физички и 3 правни лица за тешки дела против општата сигурност.

обвинителство рубикон рубикон секјурити солушн
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.