Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинение за тројца доктори за смртта на родилката во Гевгелија

0
By Менче Атанасова Точи on May 3, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 3, 2016 15:20

Основното јавно обвинителство од Велес поднесе обвинение против четворица лекари од гевгелиската болница за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе во октомври минатата година.

По спроведената истражна постапка,  денеска е поднесено обвинение против Т.В. лекар специјалист анестезиолог вработен во ЈЗУ Општа болница Гевгелија, В.Ч. и Д.М. лекари специјалисти по гинекологија и акушерство вработени во ЈЗУ Општа болница во Струмица.

Обвинетите се товарат дека сториле кривично дело „Тешки дела против здравјето на луѓето од чл.217 ст.2 в.в.чл.207 ст.1 од Кривичниот законик“. Според правните експерти кои ги консултираше НОВА, казна затвор за ова кривично дело е од четири до 15 години затвор.

Обвинителството донело Наредба за запирање на истражната постапка што се водеше против четвртото осомничено лице, кое во меѓувреме почина. Во обвинението се вели:

„Обвинетиот гинеколог В.Ч. ја повикал сега покојната да се јави на преглед на 22.10.2015 година, на што истата се одзвала. По извршените контролни прегледи не постоела ниту една медицинска односно клиничка индикација за породување, со оглед на тоа што веројатниот термин за породување на сега покојната бил на 02.11.2015 година. Спротивно на Упатството за згрижување при царски рез донесено од Министерството за здравство, обвинетиот ја известил сега починатата дека вечерта околу 19.00 часот ќе изведе оперативниот зафат, царски рез за нејзино породување.

Во закажаниот термин медицинскиот тим не бил комплетиран поради едночасовно доцнење на обвинетиот Т.В. кој пристигнал во видлива алкохолизирана состојба. И покрај ваквиот тек на настанот, обвинетите В.Ч и Д.М. не предложиле одложување на зафатот.

Обвинетиот Т.В. безуспешно се обидувал пациентката да ја воведе во анестезија со интубација, по што го повикал на помош својот колега, сега покојниот З.Ј. кој исто така бил во алкохолизирана состојба и направил неколку неуспешни обиди за интубација.

Спротивно на Упатството за безбедна хирургија на СЗО, согласно кое предвидениот број на обиди за интубација не треба да биде поголем од три, ниту да трае подолго од 10 минути, во случајов постапката траела речиси 30 минути, поради што смртта настапила како последица од задушување.

По преземените дејствија за реанимација на родилката, откако предходно во два наврати ја напуштиле операционата сала и пак се враќале, од страна на обвинетите В.Ч. и Д.М. е направен царски рез и од утробата на сега покојната е извадено новородено женско дете кое е предадено на неонатална медицинска сестра и на лекар педијатар.

Обвинетиот Т.В. и врз новороденчето направил безуспешен обид за реанимација, но по десетина минути од породувањето и тоа починало.

Со овие дејствија обвинетите иако биле свесни дека нивното постапување може да предизвика штетна последица, се согласиле со истата и воопшто несовесно постапиле при укажување лекарска помош при процесот на породување. Со тоа предизвикале влошување на здравствената состојба кај родилката што резултирало со смртен исход на сега покојната и на новороденчето“, соопштуваат од Основното јавно обвинителство од Велес.

Родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе починаа за време на породување со царски рез.

Двајцата анестезиолози добија отказ од работа по, што им беа одземени лиценците за работа додека да заврши истрага и судскиот процес. Неофицијално, едниот од нив си го одзема животот со земање преголема доза на анестетик, пред неполн месец. Вниманието беше свртено кон анестезиолозите кои дошле пијани во операциона сала, а не беа спомнувани гинеколозите кои не го спречиле тоа, ниту го одложиле породувањето кое не било итно. Директорот на болницата Сретко Јованов пак, тогаш беше дециден дека лекарите не биле пијани и тоа го видел со свои очи бидејќи како што рече, бил повикан да присуствува на операцијата. Тој се уште седи во директорската фотеља и против него досега немаше никакви реперкусии.

доктори обвинение смрт на родилка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.