Обвинителот на Париз денеска на вонредна прес-конференција информираше дека се уште се идентификуваат двајцата убиени од полициската акција која се одвиваше утрово во предградие на францускиот главен град.
Франсоа Молин потврди дека “мозокот“ на терористичките напади, Абделхамид Абуд сигурно не е помеѓу осумината уапсени, но дека се уште се чека на идентификацијата на трите тела на загинатите од експлозијата во стан во Сент Денис.
Претходно некои од светските медиуми објавија дека Абуд бил убиен, повикувајќи се на Вашингтон Пост кој објави дека информацијата ја добила од разузнавачки извори.

