Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителот Коцевски: Дискотеката функционирала со многу пропусти, ова е ерозија на системот

0
By Zoran Ivanov on March 16, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Објектот немал хидрантска мрежа ни хидрант во употребна функција. Немало доволно противпожарни апарати според квадратурата на објектот односно само 2 имало. Немало две излезни врати пропишани за евакуација, …

Мирослава Симоновска

Јавното обвинителство денеска почнало да истражува што доведе до пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и како објектот со години добивал дозволи, собирал малолетници секој викенд на очиглед на полицијата со големи јавни повици и посетеност, а за тоа никој не нашол за сходно да изрече казни и затворање на објектот. Обвинителот Љупчо Коцевски рече дека обвинителството денеска издало наредби да се прегледаат камери, да се апси секое лице кое со неговото постапување или постапување придонело за настанот и да се испита неговата улога, како и наредба за форензички да се испитаат предмети. За 10 лица Обвинителството од судот ќе бара притвор (краткотраен). До основниот суд Кочани, обвинителството поднело предлог да се одземе цела документација за дискотеката „Пулс“. Од кочанскиот суд побарано било да се изврши и претрес во дом. Денеска дел од јавните обвинители извршиле и увид на лице место во дискотеката и тој траел до вечерва, а ќе продолжи утре сабајле.

Објектот немал хидрантска мрежа ни хидрант во употребна функција. Немало доволно противпожарни апарати според квадратурата на објектот односно само 2 имало. Немало две излезни врати пропишани за евакуација за луѓе, туку една метална врата, импровизирана на задниот дел од објектот, но била заклучена со катанец и без квака од внатре и обложена со гипс картон и сунѓер за звучна изолација. Немало пристап за противпожарни возила од двете страни согласно правилникот за заштита од пожари експлозии и опасни материи. Внатрешноста на објектот била обложена со гипс картон, но не со огноотпорни својства. Немало спуштен таван со противпожарна отпорност од најмалку 30 минути. Немало врати со противпожарна отпорност со најмалку 1 час, ни систем кој би ги предупредил посетителите дека настанал пожар со јак звучен сигнал. Дискотеката била непрописно обложена со материјали за звучна изолација и лесно согорливи материјали, Во објектот противзаконски биле користени пиротехнички материјали на висина од 3 метри без дозвола. На лице место бил присутен и државен инспекторат за градежништво и урбанизам со тоа што констатирано е дека објектот во кој е случена несреќата е регистриран како објект за лесна индустрија со површина од 419 квадрати. Не е извршена пренамена на објектот од лесна индустрија во угостителски објект. И покрај тоа што немало пренамена, истиот добил дозвола за работа од Министерството за економија како за угостителски објект издадена пред 15 години, рече Коцевски.

Тимот на јавното обвинителство уште нема донесено наредба за истражна постапка. Станува збор за кривично правен настан за кој се потребни повеќе дејствија за лоцирање одговорност за повеќе сторители сторители на повеќе кривични дела „тешки дела против општата сигурност“ и постоење основано сомнение за други кривични дела – ќе се даде предлог за краткотраен притвор.

Јавното обвинителство сослуша еден од првите осомничени. Тоа е еден од организаторите. Од неговиот исказ има релевантни докази дека нема писмен договор меѓу организаторот и групата за организирање на концертот. Може евентуално да се работи за кривични дела од член 292, од член 357 (давање и примање поткуп) и во врска со пиротехничките средства. Лицата постапувале спротивно од прописите за заштита и предизвикале штета од големи размери. Местото е обезбедено, утре сабајле ќе продолжи увидот и ќе ангажираме јавни обвинители од основното јавно обвинителство Скопје, додаде Коцевски.

Тој потврди дека Крешник Бектеши поранешен министер за економија е во полициска станица на распит. Десет лица се осомничени но не може да се каже кои се. Над 20 лица се викнати на информативен разговор. Линк

 

Кочани мирослава симоновска обвинител Објект пожар услови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.