Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителство го доби вештачењето за случајот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од Кавадарци

0
By Marija Todorovska on January 29, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 29, 2024 13:55

Обвинителството доби вештачење за настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветоодделенци во Кавадарци.

Од ЈО потврдија попладнево  дека наодот од нареденото вештачење тукушто е доставен до обвинителството и се разгледува, по што ќе биде донесена одлука. Вештачењето било во врска со монтажите.

На 25 октомври, МИА информираше дека ОЈО Кавадарци оформи предмет за настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветоодделенци во Кавадарци. Тогаш, ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци достави известување против непознати лица.

-ОЈО Кавадарци веднаш оформи предмет и ќе даде насоки да се преземат дејствија за откривање на сторители, рекоа тогаш од ЈОРМ.

Настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветоодделенци во Кавадарци, се случил надвор од училиштето, потврдија околу средината на октомври, од ДПИ за МИА.

-Според информациите кои ги добивме од надлежен просветен инспектор, настанот се случил надвор од училиштето, а на случајот работи Министерството за внатрешни работи по пријава на родителите, ни напишаа тогаш во писмениот одговор од Државниот просветен инспекторат.

МИА на 13 октомври информираше дека шест малолетници од основно училиште се пријавени во кавадаречката полиција, злоупотребиле фотографии од малолетни девојчиња. Тогаш побаравме одговор за ова од портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.

-Ве известуваме дека во ОВР Кавадарци, заедно со нивните родители, повикани се шест малолетници од Кавадарци и со нив бил извршен службен разговор во врска со претходна пријава од родители дека биле злоупотребени лични податоци, односно фотографии од нивните малолетни ќерки. Според пријавеното, фотографии биле преземени од социјални мрежи и на нив биле измонтирани фотографии со недолична содржина, одговори тогаш Ѓаковска.

Родител на едно од девојчињата рече дека деветтоодделенците правеле монтажи, главите од фотографии преземени од „Фејсбук“ на повеќе девојчиња, помлади и постари од нив, ги монтирање со апликација на експлицитни фотографии од голи тела и ги споделувале по групни четови.

злоупотребени фотографии ЈО Кавадарци малолетни девојчиња
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.