Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителството бара притвор за 9 лица за шверц на 400 мигранти

0
By Нова ТВ on October 15, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвинител за гонење на организиран криминал и корупција бара притвор за сите девет лица кои беа успени во денешната полициска акција за „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење мигранти“ и за „Криумчарење на мигранти“.

Во истрагата се опфатени и други 4 лица – но еден од нив е веќе на издржување казна затвор,  друго лице е  под истрага и во притвор за истото кривично дело а трето лице е во притвор во Р.Србија.

Еден осомничен не е достапен на органите на прогонот.

Криминалната група работела според строга хиерархиска поставеност  и била поврзана со грчки криминални структури.

Според Обвинителството за организиран криминал, групата во периодот од мај до крајот на септември од нашата јужна граница долж Повардарието до Кумановско-Липковскиот регион, а потоа кон север спровела 395 мигранти од Aвганистан, Пакистан, Ирак, Бангладеш и други земји од Блискиот и Средниот исток. Меѓу мигрантите имало 18 деца.

Откако ќе ги прифателе,  членовите на групата ги сместувале мигрантите во автомобили или во багажници и со брзина од над 200 км/час ги превезувале до договореното место, притоа загрозувајќи го сопствениот живот, животот на мигрантите и на другите учесници во сообраќајот.

За пренесување, прифаќање, засолнување и превоз на мигрантите биле наплатувани од 180 до 250 евра, а  членовите на оваа група за 5 месеци се стекнале со значителна противправна имотна корист од околу 150.000 до 200.000 евра.

Соработници во организираната криминална група биле и Б.Г., кандидат за полициски службеник и Ф.А., полициски службеник, кои ја информираче групата каде има полициски патроли, контроли или заседи.

Во истрагата биле користени Посебни истражни мерки, крим-технички вештачења,  исписи од телефонски листинзи, легитимирани лица, снимки од видео надзор.

 

кримчарење Мигранти обвинителство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.