Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителство води истрага за шест ортопедски фирми

0
By Менче Атанасова Точи on November 16, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција води истрага за шест фирми кои продаваат или произведуваат ортопедски помагала, потврдија за НОВА од ОЈО. Истрагата се води откако Обвинителството примило кривична пријава од Фондот за здравствено осигурување заради откриени неправилности  и прекршување на договорите во однос на издавањето на ортопедските помагала. Повеќе детали за истрагата од обвинителството не откриваат.

Како што објави НОВА, Фондот за здравство ги раскинал договорите со шест ортопедски куќи откако контролорите  утврдиле неправилности при редовна контрола на системот на издавање на ортопедски помагала.

„Податоците од контролата, како и утврдените неправилности во овие постапки, поради одредени сомненија, беа доставени до надлежното јавно обвинителство и други надлежни органи“, велат од ФЗО.

По ова, ФЗО склучил договор со нови 91 правни субјекти кои имаат 332 аптеки, односно продажни места за одредени видови ортопедски помагала на територија на целата држава. Почнувајќи од 31 октомври, ортопедски помагала како што се инвалидски колички, вештачки колкови, протези за раце и нозе, пелени за болните, се набавуваат во аптеките наместо во специјализираните фирми кои ги продаваат или ги произведуваат. Тоа предизвика хаос и револт кај пациентите бидејќи, како што велат, во аптеките ниту знаат ниту има услови да им земаат мерка за протезите.

 

 

истрага ОЈО ортопедски куќи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.