FILE – In this March 2, 2014 file photo, Harvey Weinstein arrives at the Oscars in Los Angeles. In the wake of sexual harassment and abuse allegations against Weinstein, many in Hollywood are calling for sweeping changes to the entertainment industry to prevent the mistreatment of women. Among some of the changes experts recommend are an independent agency to investigate harassment complaints and preventing sexual harassment allegations from being hidden behind non-disclosure agreements. (Photo by Jordan Strauss/Invision/AP, File)

Најновите обвинувања за сексуален напад против Харви Вајнстин би можеле да резултираат со први кривични пријави против филмскиот магнат, изјави за Си-Ен-Ен извор од љујорпката полиција, запознаен со истрагата.

“Ова е најсилниот случај што го имаме, што се вклопува во статутот на ограничувања”, вели изворот, додавајќи дека некои детективи веруваат дека имаат доволно докази за апсење на Вајнштајн.

На прес-конференцијата во петокот, шефот на детективите на њујоршката полиција, Роберт Бојс, го опиша случајот на актерката Паз де ла Хуерта како веродостоен поради нејзината “способност да го артикулира начинот на кој било направено делото, каде таа била, каде тоа се случило”.

Канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетн  изјави за Си-Ен-Ен дека имаат обвинител за сексуални злосторства доделен на “активна истрага” во наводните инциденти.

Де ла Хуерта, која се појави во “Walk to Remember” и драмата на “HBO” “Boardwalk Empire”, тврди дека Вајнстин ја силувал во нејзиниот стан во две одделни прилики во 2010 година.

Во интервју за Си-Ен-Ен, 33-годишната де ла Хуерта, рече дека минатата недела ја повикала телефонската линија на њујоршката полиција за пријавување на наводни напади. Де ла Хуерта и нејзиниот адвокат оттогаш работат со детективи од единицата на специјалната жртва на полицијата на Њујорк и канцеларијата на окружниот обвинител, рече таа.
Во изминатиот месец повеќе од 60 жени излегоа со наводи за сексуално вознемирување или напади од страна на Вајнстин. Њујоршката полиција за Си-Ен-Ен изјави дека пронашле десетици повици за Вајнстин. Полицијата во Лондон и Лос Анџелес исто така отвори истраги