Европјаните се поголеми песимисти од азијците, покажува анкетата на Институтот Галуп, во врска со очекувањата од 2016-та година, иако генералниот заклучок е дека населението во светот среќно и со оптимизам ја дочекува новата година.
Две третини, или околу 62 проценти од анкетираните велат дека се среќни со својот живот, додека 54 проценти очекуваат дека 2016-та ќе биде подобра од годинава во заминување.
Истражувањето на јавното мислење по повод завршувањето на годината покажало и дека поголем процент на среќни и задоволни луѓе има меѓу оние со поголеми приходи, но и дека атеистите и агностиците (75 отсто) се посреќни отколку индусите, католиците, православните, будистите и протестантите.
Најмногу среќни луѓе живеат во Латинска Америка. На европскиот континент најголеми песимисти се Италијанците, додека во Азија тоа се Кинезите.




