Поранешниот француски претседател Никола Саркози го сметаше за чиновник, а неговите ривали го нарекуваа „господин Нико“. Меѓутоа, никој, ниту ривалите, анкетарите или коментаторите до пред десетина дена не мислеа дека Франсоа Фијон има какви било шанси да ја освои републиканската новимација за претседателски кандидат. Но токму тоа и се случи.
Откако во другиот круг на внатрепартиски избори убедливо ја освои номинацијата на француската десница, Фијон најави дека ќе ги обедини своите приврзаници за да се спроведат длабоки рефроми што и се неопходни на Франција, пренсоа агенциите.
-Сега морам да ја уверам целата земја дека нашиот проект е единствен што може да не придвижи напред, изјави Фијон во победничкиот говор по освоените предизбори.
Во кампањата се истакнуваше со најавите дека ќе ја намали јавната потрошувачка, меѓу останатите намалувања и бројот на вработените во јавните служби. Говореше дека намалувањето на половина милион работни места во период од пет години, што неговите противкандидати го отфрлија како опасна и неспроведлива мерка.
Фијон на тоа одговори дека е возможно доколку луѓето во јавните служби работат по 39 часа неделно наместо сегашните 35.
– Ми прикачија етикета на економски либерал како да сум од средниот век. А јас само сум прагматичен. Мојот пристап е јасен: Франција не може да го издржи овој пад. Таа ја сака вистината и сака акција, изјави Фијон.
Неговата визија за ЕУ е повеќе деголистичка „унија нација- држава“ и смета дека некои суверени овластувања со институциите на ЕУ во Брисел делумно треба да се вратат на престолнината на државата членка.
Тој е тнр. „правосуден шенген“, што би значело автоматски да се протеруваат странците кои ќе направат кривични дела, сака зајакнување на еврото со воведување на економски влади во земјите кои се вклучени во единствената европска валута.
Во некои осврти на медиумите и аналитичарите на ЕУ на Фијон му се припишува „наклонетост кон Русија“, се вели дека е „пријател на Путин“ и во пролог на тое тврдење се наведува дека бившиот француски премиер во времето кога претседател беше Саркози доследо се противел на санкциите на ЕУ кон Русија поради украинската криза, сметајќи дека тоа е неделотворно и штетно за двете страни.
Фијон изјави дека „Путин покажал ладен, но ефикасен прагматизам во сузбивање на терористите на исламската држава во Сирија“ и смета дека со Русија треба тесно да се соработува за конечно да се уништи жариштето на исламскиот тероризам кој од Сирија организира насилство по Европа и го дестабилизира целиот Блиски исток.
Фијон убедливо го победи противкандидатот Ален Жипе на внатрепартиските избори, освојувајќи повеќе од две третини гласови од избирачите на француската десница. Жипе го призна поразот и најави дека ќе го поддржи Фијон во претседателската трка следната година во која најверојатно ќе се соочи со лидерката на крајната десница Марин Ле Пен.
Истражувањата на јавното мислење му даваат предност на Фијон пред Ле Пен, но аналитичарите сепак се внимателни имајќи предвид дека анкетите неодамна покажаа сосема различен став од резултатите на гласачките места во случајот со Брегзит и со изборот на Доналд Трамп.
Фијон ја има поддршката од поранешниот претседател Никола Саркози.
Франсоа Фијон веројатно е најблиску до исконскиот економски и социјален конзервативец меѓу француската политичка елита.
– Дојде моментот нашето политичко семејство да се мобилизира околу Фијон за да се гарантираат промените кои на Фрација и се неопходни како никогаш до сега, изјави Саркози.
Фијон беше премиер во мандатот на Саркози.
Неговиот поранешен шеф, Саркози, кого Франсоа Оланд на изборите во 2101 го победи, а Фијон и Жипе во 2016. му ја завршија политичката кариера во првиот круг од внатрепартиските избори, еднаш го опиша својот премиер како виш чиновник. Но сепак го поддржа во вториот круг од изборите за претседателска номинација од републиканците против Жипе.
Фијон е роден во регионот на Сарта, на 200 километри западно од Париз, каде римокатоличките корени кај населението се се уште јаки, а Фијон се разликува од противкандидатите и по тоа што се противи на можноста хомосексуалците да посвојуваат деца.
Гласаше, неуспешно, и против легализацијата на хомоскесуланите бракови во 2013 година и се противи на медицински потпомогнатото оплодување на немажените жени и лезбејките.
В брак е со Велшанката пенелопа и имаат пет деца. Кога пред 35 години беше избран за пратеник, беше најмладиот во историјата.
Аналитичарите и анкетарите се уверени дека во вториот круг од претседателските избори следната година ќе се пласира крајната десничарка Марин Ле Пен наместо кој било друг кандидат од моментално непопуларните социјалисти.
Иако се внимателни по изненадувачките резултати на британскиот референдум и на американските претседателски избори, сите се уверени дека француски претседател же биде токму Фијон.




