Published: Sunday, May 1, 2016 12:14
Во ЕУ денес стапува на сила последната етапа на намалување на роамингот која сосема исчезнува на 15 јуни 2017 година.
Плафонот на роамингот од денес е 5 центи за повик, 2 центи за смс порака и 5 центи за мегабајт интернет во сите земји членки на ЕУ.
“Ние влегуваме во последната фаза пред крајот на трошоците на роамингот во 2017 година. Со ова Европјаните ќе можат да заштедат но ова е исто така уривање на сите бариери кон единствениот дигитален пазар на ЕУ”, изјави европскиот комесар Андрус Ансип.
Од 15 јуни 2017 година сите граѓани на ЕУ ќе ги имаат истите трошоци за употреба на мобилен телефон без разлика во која земја членка на ЕУ се наоѓаат. Овие трошоци постепено се намалуваат веќе неколку години според шемата на Европската комисија која им е наложена на мобилните оператори. Некои од нив веќе им предлагаат на своите клиенти пакети во кои се интегрирани паушали за целата територија на ЕУ.
Истовремено стапува на сила и принципот на “неутралност на интернетот” кој им забранува за операторите да успоруваат или блокираат некои апликации или содржини освен во неколку исклучителни случаи за да се спречат сајбер напади.




