Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од денес во потрагата по Мартин Јовановски на Халкидики се вклучува и куче трагач

0
By Соња Крамарска on July 13, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
На молба на министерот за надворешни работи Бујар Османи до грчкиот колега Никос Дендиас, потрагата по 31 - годишниот Мартин Јовановски кој исчезна во водите на Егејско море, ќе продолжи и денес
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска на Халкидики во напорите за лоцирање на 31-годишниот Мартин Јовановски влегуваат воздушен дрон и куче трагач, објавија грчките медиуми. На петтиот ден од потрагата по Јовановски остануваат вклучени властите и волонтери.

Според информациите на Voria.gr, два воздушни дрона како и куче спасител со дресерката Марија Арманиду денеска ќе се обидат да го лоцираат 31-годишниот Мартин кој отиде на Халкидики со група од десетина луѓе на одмор и за да го прослави роденденот на 30-годишниот другар Иван, кој пак бил првиот кој нурнал за да го спаси кога тој очајно барал помош заедно со нивниот друг пријател, 25-годишниот Васил, кога морските струи ги однеле.

Денеска ќе продолжат да дејствуваат и пешадиските единици на спасувачите. Дрон ќе ја пребарува областа кон Аја Параскеви бидејќи е непристапна и не може да се стигне со подводниот дрон.

Капетанијата на пристаништата ги продолжува пребарувањата со брод, иако помина третиот 24-часовен рок што го предвидува грчкиот закон. Но по комуникацијата на македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи со грчкиот колега Никос Дендиас, потрагата ќе продолжи и по законскиот рок од 72 часа.

Во исто време, неговиот брат Мартин со објава на социјалните мрежи ја пренесува тагата што ја доживува тој, нивната мајка и другите членови од неговото семејство. Братот на Мартин се заблагодари на македонскиот конзулат во Солун за координирање на истрагите како и на спасувачите за континуираната помош во потрагата на отворено море за лоцирање на неговиотбрат.

„Мајка ми, нашето семејство и пријателите сè уште веруваат и се надеваат дека Мартин е жив“, вели братот на 31-годишниот, повикувајќи да продолжи истрагата, која вчера заврши без успех иако со подводен дрон се пребаруваше морското дно.

„Овде и толку денови минуваме низ навистина многу тежок период кој не се опишува со зборови, но имаме надеж дека нашиот Мартин на крајот ќе биде пронајден жив и здрав“, велат неговите роднини.

Тие апелираат до сите надлежни власти во Грција да не ја прекинуваат потрагата.

Кога мајката на Мартин дознала за исчезнувањето на нејзиниот син била во САД за да го посети другиот син, каде тој работи како готвач, но пресиноќа пристигнала во Солун, а вчера се упати во Неа Скиони за да биде поблиску до службите кои трагаат по нејзиниот син. Претходно мајката апелираше да се лоцира нејзиниот син. „Ве молам, најдете го мојот син. Направете што можете, ве молам!“, рече таа со солзи во очите. (Р.Н.)

потрага по Мартин Халкидики
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.