Од денеска до петок, во организација на НАТО Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и Центарот за управување со Кризи (ЦУК), на подрачјето на Охрид и Струга, ќе се одржи вежбата „Северна Македонија 2021“.

Ова е прва цивилна НАТО вежба во земјава, којашто истовремено ќе се одвива и теренски и штабно.  Центарот за управување со кризи во својство на домаќин, е организатор на сите активности поврзани со вежбата, во координација со НАТО тимот.