Published: Friday, July 18, 2025 14:07
Скопје: Под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, соопшти УХМР.
Особено топло време се очекува во текот на следната работна седмица, кога дневната температура насекаде ќе биде над 30, на повеќе места ќе надминува 35, а наместа ќе биде и над 40 степени.



