Коалицијата Вреди вечерва на Конгрес во Скопје во присуство на 850 делегати се обедини во еден политички субјект.
Копретседателот на партијата Вреди и градоначалник на Чаир Изет Меџити во своето обраќање рече дека има моменти во историјата кога политиката престанува да биде натпревар и се претвора во неопходност.
Според него, ова се моменти кога времето бара не само промени, туку и единство.
Истакна дека се собрале заедно различни сили, со различни истории и искуства кои честопати оделе во спротивни насоки.
Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, во својот говор нагласи дека обединувањето на овој ентитет пренесува јасна порака за единство и за евроатлантска ориентација.
Копретседателот на Вреди и градоначалник на Тетовом Билал Касами, рече дека Вреди не е само сојуз на партии, туку друга култура на креирање политики




