Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваа за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,661 ден/кг и сега ќе изнесува 50,903 ден/кг.

Со овие измени од полноќ, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 105,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 107,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 50,903 (денари/килограм)