Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дефиниран списокот на граѓани со право на глас: Кандидатите за градоначалници се обврзаа на фер избори, од понеделник во кампања

0
By Sashko on September 25, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На претстојните локални избори на 17 октомври ќе може да гласаат 1.824.864 милиони граѓани. Избирачкиот список беше затворен на синоќешната седница на Државната изборна комисија (ДИК) согласно роковникот, член 52 од Изборниот законик и промените и ажурирањето што произлегоа од јавниот увид во податоци. Најдоцна на 1 октомври, односно 15 дена пред денот на одржувањето на изборите, ДИК треба да го потпише заклучениот Избирачки список и изводите од него.

Како што беше соопштено на 27-та седница на ДИК, од вкупниот број на гласачи, во изводите на Избирачкиот список се запишани 1.740.147 милиони лица. Во Посебните извори од Избирачкиот список се запишани 82.461 лица на привремена работа или престој во странство, согласно евиденцијата на надлежниот орган; 1.899 гласачи кои на денот на изборите се наоѓаат на издржување на казна затвор или во притвор; 351 лице во установи за вонсемејно сместување и шест гласачи кои, согласно евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика, се запишани како раселени лица.

Изборната кампања ќе почне в понеделник (27 септември), односно 20 дена пред денот на изборите и треба да заврши на 15 октомври на полноќ. Вториот круг избори ќе се одржат на 31 октомври, а кампањата за втор круг ќе трае до 24 часот на 29 октомври.

Утврдените листи на кандидати за локалните избори се веќе објавени од ДИК и од општинските изборни комисии, познати се кандидатите за градоначалници и за членови на советите во локалните самоуправи.

По претставниците од сите политички партии, учесници на претстојните избори, Кодексот за фер и демократски избори вчера го потпишаа и голем дел од кандидатите за градоначалници во општините. Со Кодексот, тие се обврзуваат дека нема да вршат притисок или обид за притисок врз вработените во јавната и државната администрација, во други институции или установи финансирани од државниот буџет, буџетите на општините и Градот Скопје, како и во трговски друштва и претпријатија со државен капитал.

Учесниците во изборниот процес, исто така, се обврзуваа дека ниедно вработено лице или граѓанин нема да биде предмет на каква било закана во однос на вработување и социјална сигурност поради нивното поддржување или неподдржување на која било политичка партија или кандидат.

Привремена Комисија на Јавното обвинителство ќе следи евентуални нерегуларности на претстојните локални избори заради заштита од криминални или други противзаконски дејствија и превентивно дејствување.

За оние настани за кои ќе се оцени дека даваат индиции за евентуални сторени изборни нерегуларности, известувањата веднаш ќе се проследат до соодветното основно јавно обвинителство. Во исто време, ќе се дадат задолженија до основните јавни обвинителства за итно постапување, односно да формираат предмет и да преземат дејствија за утврдување на релевантни факти од кои зависи правилната примена на Кривичниот законик, информираше Обвинителството.

На локалните избори за првпат ќе бидат применети терминали за отчитување на отпечатоци од прсти на гласачите за да се утврди нивниот идентитет и за да се избегнат евентуални неправилности при гласањето. Тие во државава треба да стигнат најдоцна до 1 октомври, согласно договорот со германската компанија „Дермалог“.

Како и за Парламентарните избори 2020, и годинава изборите ќе се одржат со спроведување мерки за заштита од ковид-19 и ќе бидат формирани посебни изборни комисии за лицата кои ќе искажат интерес за гласање, а на денот на изборите ќе бидат во изолација или позитивни на коронавирусот.

Дик Избирачки список локални избори Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.