Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од селекторски на клупски ангажман: Милевски е нов тренер на Ашдод

0
By Нова ТВ on May 11, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Клупски ангажман за селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија. Благоја Милевски од денеска е нов тренер на израелскиот прволигаш, Ашдод. Човекот кој го направи најголемиот успех со националниот тим У21 (пласман на ЕП 2017) го наследува Јоси Мизрахи во екипата во чиј дрес настапуваше од 2001 година до 2004 година. Ашдод е формиран во 1999 година, а Милевски е само втор странец како предводник во историјата на популарните „делфини“ по Џон Грегори (1 јули во 2010 година – 18 април во 2011 година).

Во трите години минати во Ашдод, Милевски забележа 80 настапи што ги круниса со три гола. Од странските дестинации во неговото досие како активен фудбалер стојат и Панилиакос, Трикала и Ираклис во Грција и Марибор во Словенија. Во домашната сцена настапуваше за Македонија Ѓорче Петров во два наврата, за Цементарница 55 и за Победа. За сениорската репрезентација на Македонија има еден настап.

Тренерската кариера ја започна во Вардар како асистент на Илчо Ѓорѓиоски, а по неговото заминување на претседателската позиција во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Милевски ја доби довербата за самостојно водење на „црвено-црните“. На клупата на вардарци се задржа две години (2012 – 2014), период во кој освои по една шампионска титула во првенство и во Суперкупот пред да ја преземе младата селекција на Македонија.

Ашдод Благоја Милевски Македонија У21 фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.