Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од следната недела интензивирање на разговорите за двотретинско мнозинство за уставните измени

0
By Соња Крамарска on December 26, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 26, 2022 13:17

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска изрази уверување дека следната година ќе бидат донесени уставните измени, нагласувајќи оти нема ништо контроверзно во тоа Бугарите, Црногорците и Хрватите да се внесат во Уставот, а забелешките на одредени политички субјекти ги оцени како дневно-политички кореографии во обид да се добие плус некој политички поен. Османи потенцира дека следната недела ќе се интензивираат разговорите за обезбедување двотретинско мнозинство, кое е потребно за да се изгласа потребата за отворање на Уставот.

Тој денеска на годишниот брифинг со медиумите истакна дека е крајно нечесно едно од најважните прашања за граѓаните – членството во ЕУ, да се става во дневно-политичките препукувања и додаде дека смета оти во текот на следната година тоа ќе го увидат сите политички актери.

Османи одговараше на новинарско прашање во врска со ставот кој го изнесе Билал Касами, односно поддршка за уставните измени во замена за предвремени избори следната пролет или во спротивно најави радикализација на чекорите, кои ќе ги преземат или протести.

Тој напомена дека ниту една партија не е на линија на ставот дека не треба да се почитуваат правата на етничките заедници, нагласувајќи дека и вчера лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски излегол со став дека нема „ништо против бугарскиот народ, туку против бугарските уцени“.

„Уставните измени воопшто не се контроверзни бидејќи еден пристап, кој државата веќе го има преземено, како однос кон заедниците, и сега ги вклучува и останатите заедници, кои тогаш поради одредени околности не биле вклучени. Во нашиот уставен поредок, освен 20-те проценти нема друга категоризација, со која би исклучиле или вклучиле некоја заедница. Ако можат да бидат останатите заедници, зошто би ги исклучиле Црногорците, Хрватите и Бугарите. Тоа е нашиот најголем адут кој ни ги отвора вратите. Ние станавме модел држава, која во тежок регион успеа да создаде мултиетничка хармонија, која веќе станува пример како другите држави да си го решат прашањето“, истакна Османи.

Министерот за надворешни работи нагласи дека очекува поддршка, бидејќи, како што посочи никој нема ништо против содржината на измените, но додаде и дека сите се свесни оти тој процес е веќе вграден во процесот на преговори со ЕУ и нема друга алтернатива.

Во врска со можност за нови блокади од страна на Бугарија и доколку дојде до промена на Уставот, Османи рече дека во документите кои ги потпишале и во рамката нема основа за тоа, но додаде дека не само Софија, туку и другите членки можат да не блокираат, доколку сакаат, со оглед на тоа што одлуките во ЕУ се носат со консензус. Тој додаде дека токму затоа во моментов се гради овој однос со Бугарија, со цел во иднина да не постои ниту еден аргумент за нови блокади.

Бујар Османи уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.