Од утре претстануваат да важат итните мерки на Владата поради аерозагадувањето, кои беа виоведени пред два дена.
-Според вчерашните податоци од Државен автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух среднодневните концентрации на РМ10 честички се под дефинираниот праг за алармирање (среднодневни концентрации над 200 μg/m3 барем на две мерни места во Скопје и стабилна временска прогноза), се вели во соопштението од Министерството за животна средина.
Од Министерството нагласуваат дека среднодневната концентрација на РМ10 од 200 μg/m3 е надмината само на едно мерно место во Скопје, а со тоа епизодата со надминат праг на алармирање е прекината, што значи дека од утре четврток 11.01.2018 година мерките престануваат да важат.