Јанко Бачев: Забегана работа или обид да се навреди интелигенцијата на народот, сметајќи дека има кратко паметење и лесно заборава кој бил и што правел Максим?
Да му ја освежам меморијата.
Денес Максим ги нарекува СДСМ „необољшевици“, а себеси се претставува како патриот. Но за каков патриотизам зборува човек кој беше директен учесник во бришењето на се што е македонско како дел од марионетската власт на Зоран Заев?
Во 2017 и 2018 година Максим беше пратеник и член на Извршниот одбор на СДСМ. Седеше рамо до рамо со Заев и гласаше во Собранието за Преспанскиот и Бугарскиот договор со кои се бришат токму Илинденска и Асномска Македонија за кои денеска Максим вели дека ги бранел.
Прашањето не е дали Максим ја менува приказната! Прашањето е дали народот заборава!
Извор: Фејсбук



