Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбележани 6 децении од формирањето на одделението на Државниот Архив во Тетово

0
By Mirjana on February 10, 2022 КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 10, 2022 14:14

Одделението во Тетово на Државниот Архив на Северна Македонија денеска одбележа 60 години од основањето. Беше организирана изложба со фотографско претставување на најзначајните документи кои ги поседува одделението како и промоцијата на публикацијата „Преглед на национализираните наемни згради и земјишта во градежниот регион на градот Тетово 1958-1963 низ архивските фондови“.

-Зграда во која е сместено одделението постои од 1929 година, а Архивот почнал да работи во 1962 година. Претставува регионален архив за Полог, пораншени општини Тетово и Гостивар. Единствен орган од ваков вид со евиденција на 279 иматели на документи од државни управи, државни служби од образование, стопанство, верски институции и слично, изјави раководителот Младен Матовски.

Тетовскиот Архив има преземено 795 фондови и збирки преземени од јавни служби. Количина на депониран материјал изнесува 1100 метри должински – при што едно метро содржи 10 архивски кутии, а една кутија содржи 1000 извори архивски.

-Ова е едно богатсво кое зборува за сите сегменти од животот во Полог. Тетовскиот архив е 60 годишен чувар на културно наследство во Полог. Исто така е издавач на десетици публикации, истакна Матовски.

На изложбата можеше да се види и фотографија од најстариот документ во Архивот кој е од 1704 година од тогашната Османлиска држава.

-Оваа изложба ми значи многу јас бев дел од екипата. Се базира на материјалот со кој располага одделението и Државниот архив каде се чуваат значајни документи од историјата на подрачјето кое го опфаќа овој архив.  Во самата содржина на изложбата може да кажам дека е богата. Од првите документи од 12 век во време на Византија, а тука се документи и од Османлискиот период . Мора да нагласам за синџил од 1704 година што е навистина е една реткост, дел од изложбата од османслиски период, изјави Бранислав Светозаревиќ.

Директорот на Државн Архив, Емил Крстевски изјави дека со оваа изложба и одбележување на јубилејот, одделението во Тетово се приклучува кон неколкуте активности на Државен Архив кој воедно слави 70 години од институционално функционирање.

-Имавме изложби во Штип и Скопје и сега во Тетово. Ова е можност да се запознаеме со историјата на регионот и многу историски документи, додаде Крстевски.

Публикацијата „Преглед на национализираните наемни згради и земјишта во градежниот регион на градот Тетово 1958-1963 низ архивските фондови“ е изработена од раководителот на тетовскиот Архив, м-р Младен Матовски. Зградата на Архивот во Тетово е реновирана во 2018 година.

6 ДЕЦЕНИИ ДРЖАВЕБН АРХИВ ОДДЕЛЕНИЕ ТЕТОВО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.