Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбиени амандманите на Европскиот фронт за уредување на речни корита, средствата се веќе обезбедени

0
By Marija Todorovska on July 30, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 30, 2024 17:47

Комисијата за финансирање и буџет попладнево го заврши вториот ден од амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за 2024 годин. Претседателката на Комисијата Соња Лукаревска, продолжението го закажа за утре во 12 часот.

Во продолжението на денешната расправа, беа одбиени шест амандмани поднесени од пратеници од Европскиот фронт, кои се однесуваа на барање на средства од буџетот за уредување на речни корита.

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски посочи дека средства за таа намена се обезбедени од Европската инвестициска банка со одлука, потпишана од Артан Груби, донесена на 7 август 2023 година.

– Се работи за група на амандмани кои се однесуваат за Општина Липково. Согласно одлуката за распределба на средства, согласно со финансискиот договор, за проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во Република Македонија, испланирани беа 50 милиони евра од Европската инвестициска банка за таа намена. Согласно таа распределба, каде што се спомнати сите 80 општини, за Општина Липково се испланирани 967.374 евра. Така што, овој амандман не се прифаќа, односно е беспредметен, рече заменик-министерот Јанкуловски.

Од истите причини, не беше прифатен и амандманот на Моника Зајкова од ЛДП, кој се однесуваше на уредување на речно корито во Општина Зелениково.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска забележа дека во минатото кога таа предлагала амандмани кои се однесувале на доделување на средства од буџетот за општините Илинден, Петровец и Зелениково, владата на СДСМ и ДУИ, во која дел беше и ЛДП, не и прифатила ниту еден од амандманите.

Во текот на расправата, пратеникот Ријад Шаќири од коалицијата ВЛЕН, повлече седум свои амандмани.

амандмани речни корита
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.